Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јошевска Атанасовска за пресудата на Кичеец: Претекнување на полна лента не е небрежност, туку дивеење

Јошевска Атанасовска за пресудата на Кичеец: Претекнување на полна лента не е небрежност, туку дивеење

Адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска излезе со реакција по повод пресудата од минимална шестмесечна затворска казна за Зоран Милевски Кичеец, кој усмрти лице со претекнување на полна лента.
Зоран Милевски Кичеец доби шест месеци затвор за сообраќајката на 4 септември, а освен еден загинат, во несреќата повредени беа и 7 лица. Според Обвинителството единствениот прекршок што Кичеец го направил било претекнувањето на полна лента и за тоа, велат од таму, тој се каел и го признал кривичното дело. Иако Кичеец и претходно е осудуван, што се смета за отежнувачка околност, тој сепак за сообраќајка во која загина едно лица доби најниска затворска казна, односно 6 месеци. Обвинителството смета дека сообраќајката Кичеец ја сторил од небрежност, а тој со спогодбата барал да биде осуден на условна казна, но е осуден на затвор од 6 месеци.
„Така е, како олеснителни околности при одмерување казна да се земаат нормални работи како што се да не возиш пијан и да не возиш брзо. Можеле да пишат дека ете, имал ставено и појас, дека возел со запалени светла, дека претекнувал со вклучен лев трепкач. Е сега, полна лента само што поминал, од сите овие работи, тоа му е ЕДИНСТВЕНИОТ пропуст. Толку пропусти можел да направи, тој направил само еден. Плус се кае. 6 месеци е фер!

А дали обвинителството му ја зема како отежителна околноста дека вкупно 7 лица имаат тешки телесни повреди од тој негов ЕДИНСТВЕН пропуст.

Дали ја зема како отежителна околноста дека извршил злоупотреба на дозвола за лекување и дека воопшто не требал да биде во кола на Стража, туку во болница или дома, пошто нели, срцеви проблеми, тахикардии има и сл.?

Дали обвинителството му ја зема за отежителна околноста што со таа негова "докажана" здравствена состојба тој би требало да избегнува да вози, особено на отворен пат?“, реагира Јошевска Атанасовска.
Делото на Кичеец, кој наедно е осуден и во случајот „Рекет“, таа вели дека не може да се квалификува како небрежност.

„Претекнување на полна лента и предизвикување директен судир е дивеење, тоа е евентуална умисла (dolus evetualis, свесност дека од дејствието може да настапи последица и согласување со нејзиното настапување) не е и не може да биде небрежност. Небрежност би било на пример, претекнување на испрекината лента, со почитување на сите сообраќајни прописи, но со лоша проценка за сообраќајната ситуација и со тоа предизвикување последица. Разликата е во свесното прекршување правила!

Едно време се учеше кривично право темелно, овој фушерај одговара само на тие што можат да платат или да купат правда“, додава правниот експерт.


Слично

Поврзани вести