Јошевска-Атанасовска за Фактор Магазин: Судиите мора да застанат зад правдата
„Случувањата од последниот период не се охрабрувачки, како јавност не добиваме впечаток дека власта решила да ги тргне рацете од правосудството. Разочарувачки се и случувањата во судскиот совет особено за судиите кои со години се во основните судови и не напредуваат“, вели адвокатот и советникот на СЈО Сузана Јошевска-Атанасовска за Фактор Магазин на тема реформирано или деформирано судство.
За проблемите во Советот за реформи во правосудството од која повеќе членови се пожалија дека нивните предлози и идеи не се прифаќаат и дека се работи непрофесионално што изби и во јавноста, Сузана Јошевска-Атанасовска вели дека е многу лошо што има судир во такво едно важно тело каде има реномирани професори и експерти и тоа што има молк од министерот за правда за сите овие проблеми.
„Секој судија мора да располага со личен интегритет и кога е најтешко да работи според законот и во интерес на правдата, а не на политичката личност која му овозможила да се стекне со позиција“ смета Јошевска-Атанасовска.
Целото издание на Фактор магазин за реформите во судството и предизвиците, за политичкиот прогон кој опозицијата тврди дека се врши против нив, како и за решавање на повеќе итни проблеми гледајте го во продолжение.
