Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јошевска Анастасовска: Држава во која чуваме документи за положен правосуден пократко од сметки за струја, никогаш нема да биде правна држава

Јошевска Анастасовска: Држава во која чуваме документи за положен правосуден пократко од сметки за струја, никогаш нема да биде правна држава

Познатата адвокатка Сузана Јошевска Анастасовска на социјалните мрежи пишува дека држава во која од Академијата за судии и обвинители не гледаат „ништо спорно" во тоа што било пракса со молба да се дозволи полагање правосуден испит без завршен факултет, во која државен факултет за завршени 3 години давал потврда како за завршени 5 (во над 400 случаи потврдени од инспекторатот) и во која чуваме документи за положен правосуден пократко од што чуваме сметки за струја, вода и парно, никогаш, ама ни-ко-гаш нема да биде правна држава.

„Следно на темава можеби ќе се навратиме кога детето ќе стане судија. И толку ќе биде“, пишува таа. 


Ваков случај имаше со синот на спикерот Талат Џафери. 

Слично

Поврзани вести