Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Јордан Мијалков“ подготвена за вакцинација: Истокот се вакцинира во Штип

„Јордан Мијалков“ подготвена за вакцинација: Истокот се вакцинира во Штип

Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип е подготвена за спроведување на вакцинацијата на граѓани од сиот источен регион. Градоначалникот на Штип Сашко Николов објави дека има 22 пункта за вакцинација, опремени со масичка за лекови и 2 столчиња за граѓани/персонал. Поставени се 80 столчиња за набљудување после вакцинација, но и пункт за припрема на вакцините, пункт за прва медицинска помош, приемен дел за отворање на вакцинален картон, заверка после вакцинација

„Во тек на утрешниот ден, директорите на КБ Штип и Здравствен Дом Штип, ќе спремаат распоредот за персоналот кој ќе биде одговорен за вакцинација, напиша Николов. 

Објектот е на Универзитетот „Гоце Делчев“, а се наоѓа во штипската населба Сењак. 

Спортската сала „Јордан Мијалков“ се наоѓа во новиот и урбанистичски среден дел на градот Штип,  граѓаните од општините од Брегалничкиот регион нема да влегуваат во централното градско подрачје, туку ќе имаат брз влез и излез преку мини обиколницата и новиот мост на реката Брегалница, со што ќе се избегнат сообраќајните гужви низ градот.




Слично

Поврзани вести