Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јордан Мијалков не се појави на распит

Јордан Мијалков не се појави на распит

Синот на Сашо Мијалков, Јордан Мијалков, кој беше повикан на распит, не се појави во полициската станица Кисела Вода бидејќи немал добиено уредно доставена покана, а исто така бил и на патување, пренесува ТВ 24.

Причината поради која постои интерес синот на еск началникот на УБК да се појави на распит е затоа што беше дел од толпата која влезе во Собранието на 27 април на „Крвавиот четврток“.

Поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, Ален Зекиров и Блажо Петревски кој исто така важи за близок до поранешниот прв човек на тајната полицијата, одговорија на поканата на обвинителството за организиран криминал и се појавија на распит во полициската станица во Кисела Вода.


Слично

Поврзани вести