Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јолевски: Ја следиме внимателно безбедносната состојба и сме подготвени да реагираме

Јолевски: Ја следиме внимателно безбедносната состојба и сме подготвени да реагираме

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, денеска при  посета на Штип, изјави дека безбедносната состојба во земјава е на високо ниво. 

Јолевски вели  дека АРМ внимателно ја следи ситуацијата и се подготвени да реагираат. 

„Безбедносната состојба во Македонија е на високо ниво и е стабилна. Ние, како Армија, и другите институции ја следиме внимателно безбедносната состојба и сме подготвени соодветно да реагираме“ – изјави Јолевски.

Jолевски, кој денеска изврши увид на техничко-материјалната подготвеност на Вториот механизиран пешадиски баталјон, стациониран во Штип, најави модернизација на Армијата на Република Македонија (АРМ), преку десетгодишен проект вреден 17 милиони евра.

Слично

Поврзани вести