Јоханес Хан: Македонија ќе фати приклучок со Србија и Црна Гора
Јоханес Хан, комесарот за проширување на Европската унија, во последното интервјку за германскиот весник за финансии Handelsblatt вели дека Македонија може да фати приклучок со Србија и Црна Гора, кои на патот кон евроинтеграциите веќе добија датум за преговори и ги отвораат поглавјата.
Акцент на интервјуто со Еврокомесарот беше балканскиот регион а тој забележува дека проширување на ЕУ мора да продолжи да биде со помош за овие земји од регионот и да ги поддржи во економски раст и зајакнувањето на владеењето на правото.
„Во Западен Балкан земјите се уште се кревки и проширувањето на ЕУ е единствениот начин за мирно стабилизација на регионот. Но, кога тие ќе пристапат во Унијата не можам да дадам точен година. Во однос на исполнувањето на условите за пристапување, Србија и Црна Гора се најблиску, но по решавањето на спорот со Грција, Македонија има добри шанси да се движи напред“, рече Хан на едно од прашањата.
Тој вели дека иако не постои јасен датум, сепак, 2025-та е ориентационен таргет од страна на Комисијата како можен датум за пристапување на земјите со најголем напредок од Западен Балкан.
"Ако ја поставиме 2030 година за цел, се чини дека тоа е премногу далечно за да ги мотивира земјите кандидати и да ги интензивира нивните напори", смета Хан.
Според Хан, во моментов најголеми „опасности“ за ЕУ се политичарите-популисти „кои се преправаат дека напорно работат, а често немаат контакт со реалноста“ и комплицираните процеси за носење одлука.