Јоханес Хан: Цел мандат се ангажирав за Северна Македонија, „Методологијата“ е вметнат поим
Очигледно дека Франција во моментот не сака проширување, истакна Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување, во својот последен разговор за APA, откако францускиот претседател Емануел Макрон го стопираше датумот за преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија.
Хан повторно ќе ја смета истата тема како „бесконечна приказна“ за време на претседателството на Хрватска во ЕУ. „Може да го одложите еднаш, и тогаш може да има аргументи. Може да се објасни дури и по втор пат, кога роковите беа претесни за германскиот Бундестаг. Но, искрено, сега нема повеќе аргументи“, вели Хан за одложувањето по втор пат да се започнат преговори со Скопје и Тирана.
Тој вели дека желбата за реформа на методологијата е точна, но додава дека не е предлог, туку само „вметнат поим“. Тој, исто така, му порача на официјален Париз дека приемот не е иреверзибилен, укажувајќи на Копенхашките критериуми. Како пример, тој изјави дека преговорите со Србија започнале со поглавјата за владеење на правото и дека со тоа и ќе бидат завршени.
Исто така, додаде тој, постои клаузула со која се дозволува престанок на преговорите доколку се утврди неуспех.
На прашањето дали сегашните случувања го зголемуваат влијанието на Кина, Русија и Турција во регионот, Хан рече дека три четвртини од трговијата со Западен Балкан се врши со Европа и оти ништо нема да се промени.
„Не е толку спектакуларно како кога Кина купува челик. Но, за развојот на земјите, парите на ЕУ се поодржливи од кредитите на Кина“, рече тој.
Сегашната одлука на Советот на ЕУ создаде многу потенцијална нестабилност во иднина, рече Хан и додаде дека не е среќен што не може да ја заврши својата работа до крајот на мандатот, особено затоа што интензивно беше вклучен во интегрирањето на Северна Македонија.
Тој, исто така, оцени дека предвремените избори во Северна Македонија покажуваат колку е кревка внатрешната политичка состојба.
„Сè уште е од најголема важност за Србија и Косово да има позитивен дијалог. Во БиХ е потребен устав што е во согласност со европското право за да се овозможи долгорочна перспектива за пристапување. За жал, шансата се пропушти во пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија да се испрати сигнал за позитивна мотивација “, рече тој.
