Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јоанидис: Панчевски со објавата на снимката го прекрши законот

Јоанидис: Панчевски со објавата на снимката го прекрши законот

Според поранешниот судија и адвокат Јован Јоанидис снимката која судијата Панчевски ја достави до медиумите на која се гледа дел од претресот на истражители на СЈО е кривично дело затоа што не смее да се снима предистражна постапка, ниту пак неовластено да се снима некого без дозвола.

Секој сопственик на дом или имот има право да снима за сопствена заштита, но не и во овој случај кога се работи за настан од предистражна постапка, смета Јоанидис.

„Објавувањето на тие снимки, претставува кривично дело. Дури и снимањето претставува кривично дело ако претходно не е кажано дека во мојот стан јас се што се случува – снимам. Мора да постои согласност од тој што е сниман дека е согласен да биде сниман.“ – изјави Јован Јоанидис – поранешен судија и адвокат

Панчевски доставувајќи ги снимките од неговиот дом до медиумите, обвини дека истражител на СЈО му го украл клучот од неговата куќа и оти веќе не се чувствува безбедно. Овие негови тврдења, смета Јоанидис можел да ги користи во постапката која се води против него и двајца информатичари вработени во судот.

Со претресот на СЈО, запленет е службениот компјутер на Панчевски, но се обезбедени и податоци од АКМИС системот, за кого од СЈО соопштија дека постојат сомнежи дека бил злоупoтребуван при распределување предмети кај „сваровски“ судии. Дали можеби постоел и паралелелн систем на АКМИС-от за незаконски распределување предмети, треба да покаже извештајот на Комисијата при Министерството за правда. За него е најавено дека ќе објавен следнава недела. СЈО го сомничи Панчевски и двајца информатичари во судот за оддавање службена тајна и злоупотреба на системот со местење предмети.

Извор: Алсат М


Слично

Поврзани вести