Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈО: Со автомобил растурале флаери во Дебреше

ЈО: Со автомобил растурале флаери во Дебреше

Две лица со автомобил растурале пропаганден материјал-флаери на една од коалициите. 

Рано утринава е пријавен настан кој се случил во 03,20 часот  во ПО Галате каде дошол претседателот на Месната Заедница од село Дебреше и пријавил кршење на предизборен молк од страна на две лица од село Дебреше.

„Лицата со автомобил  низ селото растурале пропаганден материјал-флаери на една од коалициите.  При што биле забележани и физички нападнати од друго лице. Од настанатите повреди едно од лицата кои делеле пропаганден материјал е пренесен во Ургентен центар -Гостивар.  Сите иволвирани во моментот се во ПО Галате. Се работи на расчистување и документирање на случајот“, наведуваат од ЈО.

За овие настани, како и за сите останати информации и известувања кои евентуално би пристигнале во обвинителствата, надлежните јавни обвинители, како и Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности , итно и со приоритет во работењето ќе ги преземат сите потребни дејствија за расчистување на настаните.​

До овој момент, од почетокот на гласањето во Основните јавни обвинителства, како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса izbori@jorm.mk нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности поврзани со настани од процесот на гласање.

Во текот на ноќта и предизборните денови пристигнати се неколку известувања. Во голем дел од пристигнатите известувања не се утврдени елементи на сторени кривични дела за кои гонењето се презема по службена должности и кои се предвидени во Глава 16 од Кривичниот законик. 

За останатите известувања, јавните обвинители преземаат дејствија во предистражна постапка за да се утврди постоењето на кривичното дело и сторителот. 

Слично

Поврзани вести