ЈО ГО ПОВЛЕЧЕ ОБВИНЕНИЕТО: Латас и браќата ослободени за „Тревник“
Обвинителството го повлече обвинителниот акт во случајот „Тревник“ во кој беа обвинети новинарот Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ.
Од Апелациониот суд Скопје информираат дека на расправата по жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје одржана на 23 јануари, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, во завршниот збор го повлекол обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење на незаконско следење на комуникациите, по што Судот донел пресуда со која обвинението се одбива.
Поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) го покрена овој случај за бесправно градење три викендички во Зелениково.
Првата ослободителната пресуда е изречена во 2019 година, истата во 2020 беше укината од Апелација, а предметот беше вратен на повторно судење во Основниот Кривичен суд во Скопје, и по втор пат, во 2022 година, повторно доби ослободителна пресуда.
