Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ји со поддршка за работата на Јанева

Ји со поддршка за работата на Јанева

САД и ЕУ одблиску го следат спроведувањето на Договорот од Пржино, потребните реформи во медиумите, прочистувањето на Избирачкиот список и работата на Специјалното јавно обвинителство, изјави високиот претставник на Стејт Департментот, Хојт Ји денеска по неколку  средби со нашиот државен врв.

„Исто така ги набљудуваме и реформите во медиумите и улогата на медиумите за обезбедување на фер поле за изборите. Одблиску гледаме и на целокупната атмосфера во која гласачите треба да можат да гласаат слободно. Сметаме дека е многу важно сите страни да соработуваат со работата на специјалната обвинителка за нејзината работа да биде без политичка вмешаност и независна“- кажа  Ји. Ји додаде дека сите институции и партии треба да ја почитуваат работата на Јанева, а секој кој се огрешил од законите треба да одговара за стореното. „Многу е важно да се поддржи Специјалното обвинителство, да се поддржи владеењето на правото, и да се осигура дека сите официјални претставници да одговараат за своите дела во согласност со владеењето на правото. Мислам дека нашата порака е разбрана од сите политички партии“-истакна тој.

Во случај на опструкции ќе дадат насоки како понатаму да се постапува.

 
Слично

Поврзани вести