Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јетон Шаќири: Зголемувањето на платите на наставниците само симболично, СОНК ги брани интересите на Владата

Јетон Шаќири: Зголемувањето на платите на наставниците само симболично, СОНК ги брани интересите на Владата

Претходниот министер за образование Јетон Шаќири денеска реагираше дека најавеното зголемување на платите на просветниот кадар од само 5 отсто е симбочлична разлика, а за репрезентативниот синдикат предводен од Јаким Неделков додаде дека работи за интересите на актуелната власт.
„Едно симболично зголемување на платите, воопшто не е во интерес на наставниците, Синдикат како СОНК денес ги брани интересите на владата, а не на наставниците,

Министерка како Јаневска, која кога беше во опозиција мислеше поинаку за платите, а денес мисли сосема спротивно,

Партиите што ја сочинуваат оваа влада, кога беа во опозиција ги оставаа учениците без настава, а денес ги обврзуваат наставниците да прифаќаат сè,Наставниците заслужуваат достоинствено зголемување, синдикатот да ја игра улогата на вистински синдикат, а министерката да има исто мислење без оглед на позицијата“, напиша Шаќири на социјалните мрежи.

Министерот за образование од претходната власт потсети и на соопштение со реакција на актуелната министерка Весна Јаневска лиферувано пред две и пол години.

„Го споделувам истото соопштение кое го даде г-ѓа Весна Јаневска на 16.04.2022:

Министре Шаќири, од секаде пристигат гласови дека наставниците не го прифаќат предлог за 10% покачување на плата.

Цела Македонија се обединила околу плата на наставниците. Конечно и наставниците праќат гласна порака и тие се значаен чинител во опшеството.

Наставниците истрајни, Владата се’ уште несевесна за тоа што се случува. Обидите за кршење на штрајкот не успеваат, наставниците на притисоците не попуштат.

Министре итно прифатете 18% покачување, затоа што наставатае е приоритет, како што и вие пет дена тврдите“, дополни Шаќири.


Слично

Поврзани вести