ЈЕТОН ШАЌИРИ ЗА 4 ЧАСА ВО ПЕТОК: Во ЕУ тоа е нормално, показател за резултатите не се работните часови на администрацијата
Министерот за информатичко општество Јетон Шаќири тврди дека администрацијата заслужува работно време од четири часа во петок и тврди дека оваа идеја е пресликана од Европската унија.
Ова тој го кажа во емисијата „25 минути“ која се емитува на ТВ 24.
Но, прашањето е дали во ЕУ администрацијата е неефикасна, партизирана, и корумпирана.
„Мислам дека и вие со тоа ќе се согласите, а тоа е дека показател за резултати од работењето не се работните часови“, вели Шаќири.
На прашањето на новинарката Билјана Секуловска зошто би била таа администрација привилегирана. Шаќири рече дека според анализите од европските земји, таму оваа ситуација е нормална.
„Овој предлог закон е поставен на ЕНЕР. Коментарите на граѓаните ќе укажат кое е општото мислење за оваа ситуација која што ние ја определуваме“, рече Шаќири за емисијата „25 минути“ за ТВ 24.
