Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јетон Шаќири потврди дека ќе биде министер за информатичко општество и администрација

Јетон Шаќири потврди дека ќе биде министер за информатичко општество и администрација

Јетон Шаќири за ТВ21 потврди дека ќе биде новиот министер за информатичко општество и администрација и дека на местото на Дамјан Манчевски доаѓа на предлог на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Шаќири кој е од Струга моментално е пратеник во новиот собраниски состав. Тој е професор на Меѓународниот универзитет во Струга и беше директор на Водовод и канализација од Струга, некогашна Проаква.

Шаќири важи за човек од доверба на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, а сега ја добил поддршката во партијата да биде и иден министер


Слично

Поврзани вести