Јетон Шаќири: На претседателот на Антидискриминациска му истекува мандатот, затоа сака да тужи дека нема учебници
Новата наставна година во основните училишта започна со недостиг на 34 отсто од учебниците, а Комисијата за спречување и заштита од дискриминација најави судска иницијатива против Министерството за образование и наука.
Министерот за образование Јетон Шаќири синоќа во емисија на Клан Македонија рече дека се уште не добил известување за тужба од антидискриминаторската комисија.Тој рече дека оваа комисија тоа треба да го направи за секоја година во последните 15 години, а не само сега. Овие предупредувања Шаќири ги поврза со завршувањето на мандатот на првиот човек на оваа комисија и желбата да го добие новиот мандат.
„Би сакал Комисијата за спречување дискриминација да го прави тоа за секоја година во последните 15 години, на секој 1 септември. Како и да е, можеби процедурите за завршување на мандатите и реизбор на актуелниот претседател и наложуваат тoj да биде поактивen pred јавното мислење и да направи нешто“, рече Шаќири.
Тој објави дека во Министерството за образование се разговара за нов начин на финансирање на основното образование, под влијание и на се помалиот број ученици. Шаќири го спомена и процесот на оптимизација и дебатата што може да ја отвори овој процес.
„Кога ќе се спомене оваа оптимизација, секогаш се разговара за тоа колку наставници ќе останат без работа“, додаде Шаќири.
Слично
