Јетон Шаќири на местото на Манчевски: ДУИ го избра министерот за администрација
Јетон Шаќири е предлот на ДУИ за нов министер за информатичко општество и администрација, дознава Фактор од партсики извори. Шаќири кој е од Струга моментално е пратеник во новиот собраниски состав. Тој е професор на Меѓународниот универзитет во Струга и беше директор на Водовод и канализација од Струга, некогашна Проаква.
Шаќири важи за човек од доверба на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, а сега ја добил поддршката во партијата да биде и иден министер

Освен ова, ДУИ ги доби и Министерството за надворешни работи, за животна средина, за економија, за финансии. ДУИ ќе делегира и прв вицепремиер и министер за политички систем за кое место сега е предложен Артан Груби.
Извори од ДУИ брифираа дека првичниот предлог во министерското столче во Информатичко општество и администрација да седне Ширет Елези, досегашната заменик министерка за финансии, не бил прифатен на Централниот совет.
Според објавените предлози во новата Влада министер за финансии ќе биде Фатмир Бесими, за економија останува Крешник Бектеши, за животна средина Насер Нуредини, за надворешни работи предложен е Бујар Османи.
А.Т.
