Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јазикот, националноста и меѓународните кодови остануваат исти

Јазикот, националноста и меѓународните кодови остануваат исти

„Република Илинденска Македонија“ е предлогот за решавање на спорот за името, за кој вчера во Софија разговарале македонскиот и грчкиот премиер Заев и Ципрас, тврди и телевизијата 1ТВ, со тоа што јазикот, националноста и меѓународните кодови остануваат суштински непроменети.

Решението за спорот е промена на името, но предвидува јазикот и националноста да останат непроменети. Јазикот и понатаму ќе биде македонски. Во графата – националност, според предлогот ќе да биде запишано: Македонски/граѓани на Република Илинденска Македонија. Нема да има ниту промена на меѓународните кодови и ќе продолжат да се користат кратенките, МК/МКД.

Идејата е со референцата „Илинденска“  да се потврди историскиот континуитет на државата на кој се реферира и во Преамбулата на Уставот.


Слично

Поврзани вести