Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јазбец: Жбогар помогна да се направи коалиција во Македонија

Јазбец: Жбогар помогна да се направи коалиција во Македонија

Милан Јазбец, словенечкиот амбасадор во нашата земја, во интервју за „Нова Македонија“ истакна дека неговиот сонародник, Самуел Жбогар, ѓефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, помогнал да се формира коалицијата СДСМ-ДУИ минатата година.

- За Жбогар беше малку полесно, зашто тој беше во Приштина пет години и како голем познавач на состојбите во регионот полесно дојде на чело на делегацијата на ЕУ во Скопје. Во некоја смисла можеби и беше планирано, зашто на ЕУ ѝ беа потребни луѓе што ги познаваа состојбите на теренот во суштина и подлабоко. Кога минатата година се формира новата парламентарна коалиција во Македонија, Жбогар имаше голем придонес како дипломат за таа да се реализира. Секако дека многу значи таа синергија меѓу нас и нештата полесно функционираат, отколку заедно да работат тројца дипломати што допрва треба да се запознаваат. Забележувам дека во Македонија многу ѝ веруваат на Словенија, од обичните луѓе до функционерите - изјави Јазбец на едно од прашањата.

Тој во интервјуто додава дека Македонија треба темелно да започне со реформи ако сака членство во ЕУ и дека не треба да ги чека преговорите, туку дека треба синхронизирано да ги спроведуа прописите и политиките на Унијата уште сега.в

Слично

Поврзани вести