Јавното обвинителство не „одобри“ општа амнестија за 27 април
Јавното обвинителство дало позитивно мислење само за еден случај при барањата за амнестија од страна на обвинетите за учество во толпа на „крвавиот четврток“ во македонското собрание на 27 април.
Обвинитеството негативно се изјаснило за дури 36 случаи, од вкупно 37 по стапувањето во сила на законот за амнестија што го донесе Собранието, објави Телма.
Ваквите негативни мислења не се прифатени, бидејќи и не се обврзувачки. СУдот на крај амнестира дури 15-мина обвинети за учество во толпа во законодавниот дом.
Досега вкупно се амнестирани 30-мина обвинети за сите дела кои им беа препишани.
Слично
