Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАВНОСТА ЗАНЕМЕ КОГА ГИ ВИДЕ ФОТОГРАФИИТЕ: Зошто ВМРО-ДПМНЕ го крие ентериерот на партијата?

ЈАВНОСТА ЗАНЕМЕ КОГА ГИ ВИДЕ ФОТОГРАФИИТЕ: Зошто ВМРО-ДПМНЕ го крие ентериерот на партијата?

Како што змијата ги крие нозете така владеачката партија го крие ентериерот на своето седиште.

Меѓутоа, на социјалните мрежи протекоа фотографии, а оние кои ги пласираа тврдат дека тие потекнуваат и се направени во седиштето на партијата на Никола Груевски.


Како што може да се забележи од фотографиите, доколку тие навистина се од седиштето на владеачката партија, ентериерот изобилува со раскош.

Исполирани светкави подови, барокни двоседи, исти такви перници, екстравагантни лустери и широк поглед кон центарот на главниот град...се дел од нештата кои можат да се видат на фотографиите.

Сепак од партијата на ВМРО-ДПМНЕ не демантираат дека фотографиите до кои дојде јавноста се од нивното седиште.
Барајќи одговор на ова прашање екипата на 24 Вести се обиде да влезе во седиштето на партијата, меѓутоа оттаму добиле кратки насоки да побараат изјава тогаш кога партијата ќе организира отворени денови .

Дека новинарските екипи се непожелни во седиштето на оваа партија која десет години е на власт, говори и фактот што кога последен пат еврокомесарот Хан беше на средби со лидерите на партиите влезе преку подземните гаражи на објектот кој е сместен во строгиот центар на градот, а новинарите, снимателите и фоторепортерите наидоа на “блокиран влез“ .
Тогаш реагираше и опозицијата која ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не сака да го „покаже луксузот и распиништвото во кое е сместена најбогатата партија во Европа“

Оттаму обвинија дека додека народот секојдневно се бори со сиромаштијата, ВМРО-ДПМНЕ го крие својот имот вреден над 60 милиони евра и за нив образложението дека немало просторни услови во зграда од 33 илјади квадратни метри не само што е смешно, туку е и директна навреда на интелегенцијата на новинари.

Неодамна Центарот за истражувачко новинарство, СКООП, објави дека партијата на Никола Груевски поседува 93 имотни листови во кои е запишана вкупна површина поголема од 33.000 метри квадратни, а вкупната вредност се проценува на околу 60 милиони евра.

Слично

Поврзани вести