ЈАВНОСТА ВО ИСЧЕКУВАЊЕ - колку ќе трае процедурата за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо
Кога Љупчо Палевки ќе одговара пред македонските органи за двојното убиство, е прашање кое многумина си го поставуваат. Министерот за правда, Кренар Лога очекува постапката за екстрадиција да се одвива брзо и тој да биде изведен пред македонските органи.
-Јас верувам дека за релативно кратко време ние ќе добиеме позитивен одговор и осомничениот ќе биде меѓу нас, рече Лога.
Сепак, универзитетскиот професор, Гордан Калајџиев изјави за медиумите дека целата постапка може да трае и повеќе од еден месец, бидејќи различни институции ќе треба да ја одобрат.
-Постапката за жал, наспроти очекувањата на нашата јавност, веројатно ќе потрае повеќе. Не можам да кажам сега колку точно. Веројатно Министерството за правда има повеќе искуство за да каже. Меѓутоа, се одвива во неколку нивоа. Значи, кога веќе е почната, паралелно тој е лишен од слобода по потерница, сега мора да стигнат нашите документи за да го држат него, вели Калајџиев.
