Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јавноста во 13 часот ќе го слушне ставот на Катица Јанева по аферата со „Рекет“

Јавноста во 13 часот ќе го слушне ставот на Катица Јанева по аферата со „Рекет“

По неколку дена молк специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева пред јавноста ќе излезе и ќе даде одговор на прашањата кои произлегуваат од случајот „Рекет“.

13 часот е терминот кога Јанева од просториите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите  ќе даде изјава.

Во овој момент не е познато што се случува во просториите на СЈО, но нејзиното доаѓање на работа после една недела било изненадување за вработените а според ТВ24 Јанева порачала кафе и влегла во својата канцеларија.


Слично

Поврзани вести