Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јавноста го виде Миле Јанакиески со лисици на рацете

Јавноста го виде Миле Јанакиески со лисици на рацете

Јавноста за прв пат го виде Миле Јанакиески, поранешниот министер за транспорт и врски, со лисици на рацете.

Обвинетиот за случајот „Траектоприја“ на СЈО беше спроведен на судското рочиште од истражниот затвор Шутка, каде што го одлежува определениот притвор од 30 дена поради наводни сознанија дека подготвувал бегство слично како екс-премиерот Никола Груевски.

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, побара притвор за осудениот екс премиер Никола Груевски, и за сите други обвинети во предметот „Траекторија“.  Стефанова побара на Груевски да му се суди во отсуство, додека неговиот адвокат Еленко Миланов, побара раздвојување на постапката и на неговиот клиент да му се суди одвоено.

Во „Траекторија“ обвинети се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Љупчо Георгиевски.


Слично

Поврзани вести