Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЈАВНО ЌЕ ОБЈАВАМ СЀ“: „Секој граѓанин ќе види што се правело“, вели Арсовска

„ЈАВНО ЌЕ ОБЈАВАМ СЀ“: „Секој граѓанин ќе види што се правело“, вели Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, донесе одлука да ги објави сите докази што ги достави неодамна до Основното јавно обвинителство.

„По заканите врз мене не постапуваат, дали по доказите ќе постапат? Не верувам.

Зошто Мицкоски ги штити како што тој ги нарекува “господинот” Ганиу и “господинот” Меџити?

Мицкоски вчера наместо да постапува по обелоденетите криминали на Висар Ганиу каде се вртат милиони, да побара итно надлежните институци да делуваат за нешто за што има информација дека се уништуваат докази, тој почна да тера политика и да ми се заканува со девалвации ставајќи се во одбрана на неодбранливото.

Мицкоски јас и најлоша да сум, ти треба криминалциве да ги спречиш, не да ги браниш, па макар и браќа да ти се - а не ти се.

Затоа од денес, јавно и со појаснување за сѐ, ќе ги објавувам документите кои се доставени до институциите и обвинителството, а секој граѓанин ќе може да види што се правело, ќе мора да види и обвинителството, по што се надевам неодложно ќе мора да ги обезбеди во целост документите за предметите од Висар Ганиу и Ејуп Адеми пред да ги уништат!“, напиша таа.


Слично

Поврзани вести