Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јавно извинување или Филипче ќе ги тужи ВМРО-ДПМНЕ

Јавно извинување или Филипче ќе ги тужи ВМРО-ДПМНЕ

Првиот човек на Министерството за здравство, Венко Филипче ќе чека од ВМРО-ДПМНЕ јавно да му се извинат за обвинувањата за незаконска набавка на кинеските вакцини, во спротивно ќе тужи за клевета. 

Пратеникот Миле Лефков денеска достави документи до Антикорупциската комисија на кои, како што вели, се гледа дека министерот овластил фантом фирма да посредува во набавката на вакцините, за што фирмата добила и гаранција од 12,5 милиони евра.  Лефков побара од антикоупцинонерите да го истражат случајот, за кој вели дека постои сомнеж за криминал и корупција.  Филипче вчера на Фејсбук напиша дека не се точни информациите за сумата која ВМРО - ДПМНЕ тврди дека е платена за вакцините, а документите вели дека се целосен фалсификат. Вели дека опозцијата го кочи процесот на набавка. 

Слично

Поврзани вести