Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ФУНКЦИОНИРА НОРМАЛНО: град Скопје со реакција по утринските најави за исклучување на приватните превозници

ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ФУНКЦИОНИРА НОРМАЛНО: град Скопје со реакција по утринските најави за исклучување на приватните превозници

По информациите дека дел од приватните превозници ќе возат само утрово, денеска се огласија и од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, од каде тврдат дека јавниот превоз функционира нормално и покрај политичките притисоци 

- Јавниот градски превоз утринава функционира нормално, наспорти напорите и политичките притисоци на ВМРО-ДПМНЕ да предизвикаат нови потешкотии за граѓаните на градот Скопје.

За жал, дел од медиумите наседнаа на наративот на владејачката партија, предизвикувајќи чувство на несигурност кај скопјани.

Во моментов јавниот градски превоз го опслужуваат сите автобуси на ЈСП како и автобусите на приватните превозници кон кои градот Скопје и ЈСП немаат никакви заостанати обврски - се нагласува во соопштението испратено денеска од град Скопје до медиумите. 

Воедно во него Градот Скопје им посакува успешна и безгрижна учебна година на сите ученици. 

Слично

Поврзани вести