Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НЕ БИЛ ВО СИТУАЦИЈА НА СУДИР НА ИНТЕРЕС“: се огласија од обвинителство по објавата на Милошоски

„ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НЕ БИЛ ВО СИТУАЦИЈА НА СУДИР НА ИНТЕРЕС“: се огласија од обвинителство по објавата на Милошоски

Реакција од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на написите на пратеникот Антонио Милошоски стигнаа до медиумите.

Од обвинителството посочуваат дека написите на пратеникот Милошоски за поврзаност на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски со Иџет Мемети и Наќе Георгиев се неточни.

Од прес службата на ЈОРСМ испратија став по објавата на Милошоски на Фејсбук, која ја пренесоа голем дел од медиумите. Во објавата Милошоски ја искоментира спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев и посочи дека е аргумент плус за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски.

- Ова во однос на наводите на пратеникот Милошоски денеска, ниту во наведениот, ниту во кој било друг предмет Јавниот обвинител на Република Северна Македонија не бил во ситуација на судир на интерес - велат од Обвинителството по објавата на пратеникот на „Фејсбук“.

Слично

Поврзани вести