„Јавна соба“ има двајца администратори и двајца модератори, Чулев не ги открива имињата
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција рече дека се собрани сите информации за случајот „Јавна соба“ и дека порнографската група чиј број од 8.000 членови е опаднат во последниот период имала двајца администратори и двајца модератори.
„Според информациите кои ги добивме од седиштето на „Телеграм“ во Велика Британија, испратени ни се телефонските броеви и има двајца администратори и двајца модератори. Покрај тоа, ќе се гонат оние кои ширеле детска порнографија и кои злоупотребувале приватни поидатоци, рече Чулев.
Тој додаде дека МВР ги знае имињата на администраторите и модераторите, но дека не се потврдени.
- Ние превземаме работа на терен и информирани се сите инспектори на СВР и компјутерскиот криминал Во интерес на истрагата не би одел со конретни имиња, бидејќи се уште не се потврдени со релевантни податоци. Засега само можам да кажам дека има две пријави од засегнати странки, додаде Чулев.
