Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАВНА СЕДНИЦА ЗА ЖАЛБИТЕ ЗА „ТИТАНИК“: Првиот опозиционер дојде прв во Апелација

ЈАВНА СЕДНИЦА ЗА ЖАЛБИТЕ ЗА „ТИТАНИК“: Првиот опозиционер дојде прв во Апелација

Опозицискиот лидер Никола Груевски прв се појави на денешната јавна седница во Апелациониот суд, а треба да се појават и екс министерите Јанакиески и Јанкулоска, поранешниот шеф на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски.

Апелацискиот суд денеска ќе продолжи со разгледување на жалбите за мерките за претпазливост изречени од Кривичниот суд во предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуралности.

Седниците се закажани откако СЈО за случајот „Титаник" се жалеше на одлуката на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 со која на обвинетите место притвор, им беа определени мерки на претпазливост. Жалби на одлуката на првостепениот суд поднесе и одбраната на обвинетите. Судот пак има рок од 48 часа да донесе одлука.

Слично

Поврзани вести