Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јавна расправа: Претседателот нема да дава помилувања додека обвинетите се гонат кривично

Јавна расправа: Претседателот нема да дава помилувања додека обвинетите се гонат кривично

 Министерството за правда организираше јавна расправа за новиот предлог законот за помилување, а работната група се согласила дека во иднина претседателот на државата не треба да дели помилувања додека обвинети се гонат кривично, туку само откако ќе ја добијат казната.

На законот кој беше предмет на денешнава јавна расправа се работеше подолг временски период, а еден од мотивите за тоа е фамозната амнестија на претходниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов за гонетите од поранешното СЈО.

„Едно од клучните прашања кое беше предмет на широка дискусија  беше прашањето за правото на Претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење. Имајќи ја предвид практиката од досегашната примена на законот и особено случаите поврзани со помилувањето од кривично гонење, работната група застана зад решението согласно кое Претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Ова решение беше целосно поддржано и од работната група која работи на новиот Кривичен законик“, објави Министерството за правда.

Освен тоа, во новото законско решение,  детално разработена е и постапката за помилување.  

„Предвидени  се кратки рокови за постапување за секоја од институциите кои се вклучени во постапката за помилување. Во тој контекст се и одредбите со кои се пропишува прекршочна одговорност на лицата кои постапуваат по предметит“, додава министерството.

.


Слично

Поврзани вести