Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ИЗДАЛ НАРЕДБИ ЗА ВЕШТАЧЕЊА ЗА НАСТАНИТЕ НА СКАНДАЛОЗНИОТ КАМП: Ќе следуваат ли наскоро обвиненија за организаторите?

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ИЗДАЛ НАРЕДБИ ЗА ВЕШТАЧЕЊА ЗА НАСТАНИТЕ НА СКАНДАЛОЗНИОТ КАМП: Ќе следуваат ли наскоро обвиненија за организаторите?

За скандалот со одржувањето на извидничкиот камп кој последниот викенд во септември го организираше Првиот скопски извиднички одред на тема „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“ предмет води Основното јавно обвинителство, од каде за Фактор информираат дека сега е во фаза на предистражна постапка. Не откриваат детали кој се е повикан да даде исказ, ниту пак дали веќе има елементи да се покренат обвиненија, но, како што нагласуваат, надлежен јавен обвинител веќе издал повеќе наредби за вештачења. Се истражува што точно се случувало на кампот во Градовци за кој родители на дел од учесниците, обвинија за скандалозни сексуални активности во кои биле вклучени 16-годишни деца. 

-Предметот за кој покажувате интерес е во фаза на предистражна постапка. Обвинителството не е во можност да споделува детали за дејствијата кои се преземаат во рамките на предистражната постапка, ниту да открива делoви од исказите на повиканите лица. Од страна на надлежниот јавен обвинител денеска се издадени повеќе наредби за вештачења. По приемот и анализата на сите извештаи, ќе биде донесена одлука за натамошното постапување, велат за Фактор од Основното јавно обвинителство.

Истовремено, од Министерството за образование посочија дека организирањето на извидничкиот камп, кој спроведувал програма за сексуално образование не е поврзано ниту со МОН, ниту пак со Бирото за развој на образованието. Нагласуваат дека сексуалната едукација, засега, и тоа само како пилот фаза се спроведува во четири училишта.

-Таму, искуствата на Бирото за развој на образование со 14-те наставника кои што го спроведуваат засега е одлично, дава позитивен фидбек од страна на учениците, родителите и наставниците и очекуваме кога ќе заврши целата таа пилот-фаза, да се направи анализа за тоа какви се постигнувањата. Податоците ќе бидат јавно достапни и понатаму ќе се одлучува што со тој предмет“, рече министерката за образование Мила Царовска.

Инаку, Организаторите на извидничкиот камп, односно првите луѓе на Првиот скопски извиднички одред, се целосно недостапни за новинарите и за случувањата на контроверсниот камп, за кој, сведоштвата се згрозувачи, се огласија само преку едно соопштение минатата недела во кое велат дека игрите биле погрешно протолкувани.

-Акцијата се креира од млади за млади и се одржуваше во безбеден простор, во забавна и младинска атмосфера, и секој учесник имаше можност да пријави доколку се почувствува непријатно. Настанот не претставува никаква манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување. Сметаме дека многу делови од игрите се погрешно протолкувани, наведоа од Првиот скопски извиднички одред во соопштението.

Споредекспертите, пак, психијатри, психиолози и психотерапевти, активностите кои се случувале таму, делење награди за најдобри гради на девојчиња од 16 години, симулации на секс сцени пред манастир, ствање отпечатоци на хамер од половите органи.... кај тинејџерите доведуваат до вистинска траума, за што ќе треба подолг период да работат со стручни лица за да ја надминат таа состојба.

Анита Буховски


Слично

Поврзани вести