Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАВЕН ДОЛГ: Банките се најголеми кредитори на Владата!

ЈАВЕН ДОЛГ: Банките се најголеми кредитори на Владата!
Откако Владата од домашните кредитори позајми 86,5 милиони евра,по основ на доспеани долгови им врати 75 милиони евра. Со раздолжувањето на државата и останаа за трошење 11,5 милиони евра, новосоздаден долг. Најновите податоци на Министерството за финансии покажуваат дека заклучно со првиот квартал од годинава, односно до март Јавниот долг изнесувал 3 милијарди и 231 милион евра или 43,6% од БДП. Во споредба со состојбата од крајот на 2014 та година е регистрирано намалување за 2,4 проценти поени. Ако се анализира структурата на долгот, во првиот квартал е регистрирано намалување на надворешниот долг но зголемување на внатрешните задолжувања. Така, на крајот од март, државата кон странство должела 2 милијарди евра а на домашен терен 1,3 милијарди евра. Податоците од Министерството за финансии упатуваат на тоа дека најниско ниво на јавен долг од 2002 та година па досега било регистрирано во 2008 ма година од 23% додека највисокто било лани од 46%. Според објавените податоци на Министерството за финансии, последното задолжување на домашен терен од 86 милиони евра Владата ги обезбеди преку продажба на записи со рок на доспевање од шест месеци и обврзници со рок за исплата од една, две, десет и петнаесет години. Најголеми домашни кредитори на Владата се банките, осигурителните компании и приватните пензиски фондови кои значајно го зголемија учеството во кредитирање на Владата.
Слично

Поврзани вести