Јасна Мандиќ прва даде исказ за продолжената истрага на „Рекет“
Јасна Мандиќ, потпретседателката на невладината организација „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски, денеска е првата осомничена која веќе даде исказ за продолжената истрага во случајот „Рекет“ во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Таа беше донесена со полициска придружба, бидејќи е во куќен притвор. Според информациите од Обвинителството исказ утре треба дфа даде и потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски, како почесен претседател на Меѓународен сојуз.
Бојан Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска исказ треба да дадат во петок.
Мандиќ инаку се товари за помагање при извршување на кривичното дело перење пари.преку наводните измами со изградбата на старски домови, за кои биле рекетирани бизнисмени.
Обвинителката Вилма Русковска најави обвиненија за овој случај на почетокотр од следната година.
