Јасна Котеска потсети на ветувањето да се симне железната ограда
Професорката Јасна Котевска побара од Владата на РМ побргу да се отстрани железната ограда како што беше најавено минатата година по изгласувањето на новата извршна власт.
Таа му предлага на премиерот Зоран Заев како симбол на европеизација на земјата да ја симне оградата околу Владата за која власта додека беше во опозиција ја критикуваше ВМРО – ДПМНЕ.
„Каков малечок политички и географски делириум сме, какво семејно племе, приватна афера, евтини, банални и со грандиозни идеи. Симни бар за почеток оградата. Направи бар некоја европска идеја. Ама јок. Дури и Ципрас стигна да ни се смее. Нема везе. Што рековте јадевте денес?“, пишува добитничката на наградата за најдобра научна книга во 2017 година.
Слично
