Јасминка Аневска можеби ќе се јави на „црвениот“ телефон
Прзентерката на вести и новинарка на Телма телевизија можеби ќе премине во владата како еден од портпаролите и потврде дека вчерашната вест за понудата за портпаролското место не е без никаква основа и дека има добиено понуда за некоја од позициите.
- По сите спомнувања на моето име денеска, еве да одговорам: имам понуда од владата за една од двете портпаролски позиции и понудата ќе ја разгледам. Откако е официјализирано, честитки за колегата Бошњаковски, напиша на својот фејсбук профил новинарката Јасминка Аневска.
Инаку Аневска најмногу ќе се памети по спуштањето на „црвениот“ телефон за време на вестите на Телма со што наводно се одбиваат сите владини или партиски нарачки но, и се издржува на притисокот. Сега со оглед на тоа што повикот е повторно од Владата можеби Аневска ќе одговори на некој друг вид на „црвен“ телефон и ќе има одговорност и пред медиумите.
Слично
