Јасмин Реџепи: Владите да не трошат милиони евра на огради, со нив не може да се запрат бегалците
Јамсин Реџепи од „Легис“ во разговор за Ал Џезира вели дека регионалните влади, бклучително и онаа на Северна Македонија, не треба да трошат милиони евра за набавка на огради за поставување на границите заради емигрантите кои доаѓаат од конфликтините подрачја.
Вашата теза е дека оградите не можат да ги запрат миграциите. Но, владите продолжуваат да трошат милиони евра на нив. Тогаш, која е целта на жицата на границите? Претходно можевме да ја видиме во Унгарија, Грција, но сега и во Србија, Северна Македонија ...?
- Се градат гранични огради во низините, додека рутите за емигрантите водат преку планините. Така, овие огради имаат две цели: 1. Обезбедување лажна слика за безбедност на граѓаните; 2. Поттикнување на криумчарење и трговија со луѓе, каде заработката е далеку поголема од цената на самата ограда. Доказ за горенаведените тврдења е практиката во последните четири години, односно зголемување на бројот на криумчарење, обиди за нередовно преминување на границата, реализирани гранични премини, број на повредени и убиени, и сето тоа за 100 проценти повеќе за седум месеци од 2020 година, наспроти целата 2019 година
Постојат многу специфични обвинувања од повеќе домашни и меѓународни организации дека хрватската полиција злоупотребува илегални мигранти на границата. Досега, Брисел не обрнуваше премногу внимание на овие извештаи, кои честопати беа опишувани како застрашувачки. Како го разбравте молкот на ЕУ за оваа дехуманизирана хрватска политика?
- Злоупотребата на бегалците и мигрантите не е случај само во Хрватска, туку и во Грција, Северна Македонија, Србија и Унгарија од 2015 година. Комитетот за човекови права и злоупотреба во рамките на парламентот на ЕУ, предводен од Јозеф Вајденхолсер, одговори на неколку прашања, но за жал без никаков успех во промената на политиките на Европската комисија и одделните земји. Сега, кога Хрватска треба да покаже дека е подготвена за влегување во Шенген зоната и да ги брани надворешните граници на ЕУ, највисоката цена ја плаќаат бегалците и мигрантите од една страна, како и Унско-Санскиот кантон и граѓаните на Федерацијата БиХ од друга страна.
Мигрантите очигледно ќе го користат Западен Балкан како една од рутите кон ЕУ уште некое време. Кои се вашите препораки, како да се минимизираат ризиците од мигрантскиот бран во регионот?
- Бидејќи оградите не се вистинскиот начин, ЕУ мора да смисли подобар и похуман начин за ублажување на миграцијата, а тоа е: 1. Справување со факторите на притисок во земјите на емигрантиуте, како што се војни, гонења, климатски промени и економија. 2. За да се запре шверцот и криминалот во земјите од Балканот, ЕУ мора да смисли редовен правен проток на бегалци и мигранти, со претходна селекција во Грција. 3. ЕУ мора да ги почитува обврските од Договорот со Турција од 2016 година, со цел да се избегне голем бран бегалци. 4. Балканските земји мора да развијат здрава координација помеѓу невладините и меѓународните организации и државните институции, со цел балансирање на безбедносниот и хуманитарен пристап.
