„ЈАС ВО МОЈОТ РАБОТЕН ВЕК, ЗА ВАКВО НОЌНО ШИРЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ НЕМАМ НИТУ ВИДЕНО НИТУ СЛУШНАТО“: Заменикот директор на Национални шуми - Михаилов, со потресни вести на социјалните мрежи
Заменик генералниот директор на Национални шуми, Кире Михаилов, предмалку на неговиот фејсбук профил објави застрашувачко сведоштво за пожарите.
„Се бориме со досега невиден непријател
Јас во мојот работен век за вакво ноќно ширење на пожарите немам ниту видено ниту слушнато“, напиша тој.
Пред некаде околу половина час, тој информираше на фејсбук дека „пожарот кој денеска се појави на територијата на општина Свети Николе и зафати неколку населени места во моментов го гледам и има зафатено линија од неколку километри. Пожарот ветерот опасно го носи кон Штип, но и се шири во повеќе правци, а постои опасност и да фати повторно населени мест. Апелирам на трезвено однесување и барам од целото население заеднички да си ја зачуваме државата.Ако имате било какви индиции или сомнителни движења пријавувајте ги на 192 ВЕДНАШ„, напиша тој на фејсбук,
Слично
