Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јас сум на работа, вие седите дома, порачува Рамазан Бајрами од Жупа

Јас сум на работа, вие седите дома, порачува Рамазан Бајрами од Жупа

Рамазан Бајрами, единствениот Ром кој работи како медицински техничар во Центар Жупа, испрати фотографија и порака до неговите колеги и граѓаните од оваа општина кои се во карантин. 

Тој апелира со слоганот ,,Јас сум на работа, вие седите дома”.

Втор ден Дебар и Центар Жупа се во карантин. 

Граѓаните не можат да го напуштат местото на живеење, освен во итни случаи. 

И лекар од Дебар вчера испрати порака на ист начин до своите сограѓани дека не треба да излегуваат од дома, но и да не фрлаат маски и ракавици на земја. 

Во земјава има 18 заразени со корона. Пациентката која беше регистрирана како прв случај, во новата работна недела треба да си оди дома. Таа ќе биде пуштена на домашно лекување. 

Слично

Поврзани вести