Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЈАС СУМ ГОРД МАКЕДОНЕЦ КОЈ 15 ГОДИНИ РАБОТИ ВО СОФИЈА“ - Трајче Бабамов во интервју за Женски магазин ги открива причините

„ЈАС СУМ ГОРД МАКЕДОНЕЦ КОЈ 15 ГОДИНИ РАБОТИ ВО СОФИЈА“ - Трајче Бабамов во интервју за Женски магазин ги открива причините

Откога знаеме за себе, а особено последните 8 години напнатоста помеѓу Македонците и Бугарите е се чини најразгорена. И од двете страни на двете држави има луѓе кои скоро секојдневно пишуваат и коментираат негативни и скокотливи коментари за другата држава. Дали тоа ни го наметнала историјата, или политиката, можеби и пишувањата во медиумите, на крајот после сите случувања едно е сигурно и точно. Има луѓе и нелуѓе. Од двете држави, ма од целиот свет. Вака Женски магазин го почнува денешното интервју со Трајче Бабамов, 34 годишен дипломиран инжинер по биотехнологии, а веќе 15 години живее и работи во соседна Бугарија, односно во Софија.

Тој вели дека досега не се нашол во непријатана ситуација кога станува збор за неговиот идентитет и потекло, напротив таму имал многу пријатели и блиски луѓе, па и свои кумашини. А конкурентноста на пазарот на труд во Софија го инспирирала и мотивирала никогаш да не се откаже, туку напротив се‘ повеќе и повеќе да вложува во себе и своето образование и надоградба и денес работи во една од најпознатите компании во Бугарија БИЛЛА, како менаџер за безбедност и здравје при работа.

Во слободното време, го посетува семејството во Германија, кое како што истакна му носи радост и чувство на поврзаност. Сака да спортува, а тоа му помага и да ја одржувам добрата физичка форма. Љубител е и на вечерните излегувања и на купоните (забавите) кои се навистина посебни во Бугарија.

Колку години работите и живеете во Софија, Бугарија?

Бабамов: Во Софија живеам и работам веќе 15 години. Доаѓањето овде почна уште во моите студентски денови, кога првпат ја почувствував енергијата на градот и го засакав неговиот динамичен ритам. Иако еден период живеев и работев во Германија, сепак одлучив да се вратам во Софија, бидејќи животот овде ми понуди подобар баланс помеѓу професионалниот и личниот развој. Тоа беше вистинската одлука за мене, бидејќи градот има динамична атмосфера која инспирира и отвора многу можности.Софија е град кој постојано инспирира и нуди многу можности. 

Како започнавте, односно која ви беше прва работа и позиција, па како се развиваше вашата професија?

Бабамов: Со текот на времето, преку упорност и континуирано усовршување, успеав да напредувам и да се докажам во различни аспекти од мојата професија. Мојата моментална позиција во БИЛЛА (Синџир на познати маркети) е менаџер за безбедност и здравје при работа, која ми дава можност да работам на големи проекти и да водам тимови, што е круна на моите напори и професионален раст. Секој чекор од мојата кариера донесе нови предизвици и можности за учење, а тоа ме мотивираше да се стремам кон уште поголеми успеси.

Има ли голема конкуренција на пазарот на труд во соседна Бугарија, тешко ли е да се успее?

Бабамов: Пазарот на труд во Бугарија е доста конкурентен, особено во сектори кои брзо се развиваат. Но, она што го научив е дека посветеноста, упорноста и спремноста за учење се главни фактори за успех. Кога човек постојано се надградува, конкуренцијата станува предизвик кој ве мотивира, а не пречка. 

Повеќе детали на Женски магазин

Слично

Поврзани вести