ЈАС СУМ ЕДИНСТВЕНИОТ ЧОВЕК КОЈ МОЖЕ ДА СЕ СПРОТИВСТАВИ НА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски вели дека два пати ги поразил најголемите политички партии
Синоќа се одржа претседателска конвенција на коалицијата „Храбро, за Македонија! предводена од ГРОМ на Стевчо Јакимовски.
По тој повод ,Јакимовски на фејсбук истакна дека граѓаните му веруваат,бидејќи знае како и го претстави изборниот слоган со кој ќе ги бара гласовите на граѓаните.
„ Јас сум единствениот човек кој може да се спротивстави на црно-белиот свет на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Јас сум единствениот политичар во Македонија кој двапати ги порази најголемите политички партии во државата.
Граѓаните ми веруваат бидејќи знам како, затоа што сум храбар и никогаш не се откажувам од своите принципи и идеи кои носат подобра иднина за македонските граѓани.
Моите политики се исправни и се во интерес на сите граѓани на Република Македонија, без оглед на вера, нација, и материјална состојба. Моите политики го опфаќаат обичниот човек и во претседателот мора да има свој заштитник секој еден граѓанин.
Јас ќе бидам претседател на сите граѓани и никој нема да биде заборавен. Тргнуваме „Храбро за Македонија“!“, истакна тој и напиша на неговиот официјален Фејсбук профил.

