„ЈАС СУМ ДА СЕ ВРАТИ ЗАКОНОТ ЗА ОДЗЕМАЊЕ МАНДАТ НА ГРАДОНАЧАЛНИК“: Грчева вели честопати избираш „мачка во вреќа“
Екс пратеничката Солза Грчева за иницијативата да и се одземе мандатот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
„Ќе ги одземале ингеренциите на градоначалнилката Данела врз “Комунална хигиена” и врз “Паркови и зеленило”. Со право, бидејќи Скопје е едно големо, смрдливо буниште.
Но јас сум за тоа да се врати законот од пред 1996 каде постоеше одземање на мандат на градоначалник.
И тоа да важи за секој функционер. Често пати избираш “мачка во вреќа”, која потоа нема намера или не знае да работи, а пред тоа се презентирал/а успешно.
ОТПОВИКЛИВОСТ на функционери, а не молење самиот/ самата да си даде оставка. Законски, се разбира под јасни критериуми.
Ова е и дел од нашата програма“, напиша таа на фејсбук.
Слично
