Јас победив како Новак Ѓоковиќ, вели Стевче Јакимовски
Јас победив како Новак Ѓоковиќ, изјави Стевче Јакимовски, новиот градоначалник на Карпош.
Тој рече дека го чувствувал пулсот на неговите сограѓани од Карпош.
„Јас го гледам Карпош 30 години напред. Карпошани повторно сакаат весел и цветен Карпош, нешто што беше оваа општина во минатото. Јас победив како Новак Ѓоковиќ. Сакам да кажам дека не газам на трула даска. Го чувствував пулсот на граѓаните на Карпош и ќе работам за доброто на сите“, рече Јакимовски.
Притоа, тој вети дека ќе работи за доброто на жителите на оваа општина.
Слично
