Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЈАС НИКОГАШ НЕ МИСЛЕВ ТАКА“ - еве што објави Груевски по изјавата на Ципрас за промената на името

„ЈАС НИКОГАШ НЕ МИСЛЕВ ТАКА“ - еве што објави Груевски по изјавата на Ципрас за промената на името

По објавата во медиумите дека најверојатно ќе сме биле примени во НАТО под името Република Македонија, доколку претходната владејачка гарнитура не го сменеше името, на оваа тема се огласи и некогашниот премиер и бегалец Никола Груевски. 

- ЦИПРАС НЕ ИНФОРМИРА ДЕКА АКО З.ЗАЕВ И Н.ДИМИТРОВ НЕ ГО СМЕНЕА ИМЕТО, СЕГА ЌЕ НЕ ПРИМЕЛЕ ВО НАТО ПОД УСТАВНТО ИМЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Многу луѓе говореа дека сме немале друг избор освен да го прифатиме грчкиот предлог за промена на името, историјата и идентитетот. Јас никогаш не мислев така.

Деновиве грчкиот премиер Ципрас во чие време македонската влада предводена од Заев го смени името, идентитетот и историјата под грчки диктат, објави дека сепак не бил единствениот избор да го прифатиме тоа што З.Заев и Н.Димитров ни го сервираа како единствен излез и заради што го направија најголемиот политички прогон во историјата на Република Македонија.

Самиот Ципрас кажа дека ако не ни го смениле името тогаш сега веќе ќе морале да не прифатат во НАТО под тогашното уставно име Република Македонија - напиша тој на Фејсбук.
Еве ја неговата обајва:


Слично

Поврзани вести