„ЈАС НЕ ЗНАМ ЗОШТО ВООПШТО ИМ ПЛАЌАМЕ ЗА УСЛУГИ КОИ НЕ ГИ ИСПОРАЧУВААТ?“ Ванковска со реакција за сметка што ја плаќа, чии услуги не се испорачани
Професорката Билјана Ванковска со реакција за тоа што плаќа сметка за водовод, на која се плаќа и собирање на смет, кој вели дека цел месец и стои надвор.
„Си плаќам сметка за Водовод и канализација, а од неа повеќе од половината е за собирање смет - оној што ми стои надвор веќе цел месец. Кај сите соседи, исто. Цела населба депонија. А на секој чекор има градинки, училишта, амбуланти…
Јас не знам зошто воопшто им плаќаме за услуги кои не ги испорачуваат?!“, напиша таа.
Слично
