„Јас не сум обучен за тоа“ - мајка на загинато девојче во „Пулс“ вели дека ваков одговор добила од полицаец
Сведочењето на Габриела Наунова, мајка на загинато девојче во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска во судот откри скандалозни пропусти во реакцијата на службите.
Наунова рече дека во моментите кога очајно се обидувала да ја спаси својата ќерка, побарала помош од полицаец, на што добила одговор „Јас не сум обучен за тоа“.
Таа додаде дека со раце кршела делови од објектот за да им овозможи воздух на девојчињата заробени во тоалетите, додека службените лица стоеле настрана. Надица ја извлекле со нејзиниот татко, а наместо со брза помош или полициско возило, до болницата ја однеле со приватен автомобил на друг граѓанин.
Слично
