„Јас не сум му секретарка на господинот Димитар Апасиев“: Ванковска со посебна порака
Професорката Билјана Ванковска синоќа со многу поразлична и „зачудувачка“ порака се огласи на својот Фејсбук профил.
Како што напиша таа, многу луѓе и се обраќаат со пораки на Фејсбук, поточно на месинџер со апел да му пренесе на претседателот на „Левица“, Димитар Апасиев, кои ја поддржаа во претседателската трка на последните претседателски избори.
- Видете вака! Јас не сум му секретарка на господинот Димитар Апасиев за во месинџер (во 23 ч) да ми праќате пораки.
Левица има и ФБ страница, веб страница, пратеничка група и бројни локални ограноци . Убедена сум дека ќе им биде мило да ви ги сослушаат идеите и проблемите.
Имајте добра ноќ! - напиша Ванковска на Фејсбук.
Еве ја нејзината објава:
Нејзината објава предизвика и дополнителни коментари од зачудени сограѓани.
Фото: Принскрин/Фејсбук