„ЈАС НЕ СУМ ЛАЖГО-НЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ФОРМИРА ВЛАДА БЕЗ УСТАВНИ ИЗМЕНИ“: Ахмети тврди дека Вреди го прекршиле договорот на албанските политички партии
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска на прес конференција порача дека документот потпишан од сите лидери на албанските политички партии во Македонија пред изборите, дека нема да се формира влада без уставните измени, е прекршен од лидерите на Вреди.
„Јас барем не сум познат како лажго во јавното мислење, бидејќи потписниците на тој договор, се заедно со сите, денес и таму, оние кои се откажаа од овој договор и го прекршија овој договор. Од сите овде што се со мене, никој од нив не е потписник, потписниците се таму и тоа воопшто не го испочитувале“, изјави Ахмети.
На прашањето дали овој документ ќе биде објавен, Ахмети рече дека истиот е во рацете на Вреди и дека е запечатен.
„Ве уверувам дека не се потпишани, туку се запечатени од сите партии кои го прифатиле тој документ. Документот е на наведената адреса и за среќа не ја знам таа адреса, тие што го нарушиле легитимитетот, ја знаат, бидејќи не сум јас тој што го ставил во наменската пошта. Прашајте од тие што го нарушија легитимитетот и договорот“, рече Ахмети.
ТВ21