Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јас не се плашам од смртта, а не од разрешување, вели Ангелов

Јас не се плашам од смртта, а не од разрешување, вели Ангелов

Јас не се плашам од смртта, а не од разрешување од Влада, вели директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов во интервју за ТВ Сител. 

Тој вели дека Владата одлучува, а нему му е сеедно.

„Ќе ја прифатам секоја одлука. Јас не се плашам од смртта, а не од разрешување“, изјави Ангелов.

За пожарот во Кочани рече дека е успешно изменаџиран. Вели дека неговата работа е неблагодарна и укажа на тоа дека кога генерали водат војна и гинат илјадници луѓе, потоа добиваат медали или орден. Ангелов деновиве кажа дека ако се утврди негова одговорност, ќе се повлече и ќе замине од државата. 

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за Ангелов и за премиерот Зоран Заев за пожарот во Кочани. 

Во Македонија има десетина активни пожари. 

Слично

Поврзани вести