„ЈАС МУ ОБЛАКАМ ЧОРАПИ, ГО МАЧКАМ, МАСИРАМ...“: траорно сведоштво на мајка на повреден во дискотеката во Кочани (ВИДЕО)
Мајка на еден од повредените во пожарот во дискотеката „Лулс“ во Кочани разкажа за нивните маки по враќањето на синот од лекувањето во Грција.
Силвана Петрова е мајка на повредениот Трајче Петров и таа за организацијата „Support Kocani“ објасни дека целото семејство сега е во многу тешка ситуацијата.
Силвана во видеото подолу раскажува дека веќе има повозрасен член во семејството за кого мора да се грижи, а со повредите кои ги добил Трајче во пожарот сега мора да се грижи за двајцата бидејќи не можат да функционираат самостојно.
Таа кажа дека нејзината мајка е повозрасна и има преживеани два мозочни удари, а покрај не има и помало дете од 10 години, но сега Силвана е обврзана да се посвети на својот повреден син, на кого како што кажувам му е потребна помош во секојдневните основни работи. Силвана е самохрана мајка.
- Јас му облакам чорапи, го мачкам, масирам.. морав работата да ја напуштам за да се посветам на детето. Е сега колку сѐ може за тие некои работи, поврзани со него – јас што имам ќе дадам, ама морам да имам нешто и помош. Од државата треба да имаме ние помош. Ние ништо немаме од државата - рече Петрова.
Таа рече дека кога го пуштиле од болницата во Грција, рекле дека ништо не е готово. Туку дека од тој момент почнува процесот на заздравување.
- Потребно е многу високо ниво на хигиена, многу средства, пазење од сонце…Они мислат набрзина ќе помине, ама нема..Не може ни да работи моментално.. јас му сечкам јадење, за да тој со левата рака може да пренесе до устата - објаснува Петрова.
Во продолжение видеото од обраќањето на Силвана за „Support Kocani“, во него има и вознемирувачи фотографии од повредите на Трајче.
Фото: Принтскрин/Инстаграм
